Во вториот квартал од годинава, според Народната банка на Македонија, продолжија поволните трендови во економијата. Кредитите бележат раст, особено на приватниот сектор, а ликвидноста на банките во јули е зголемена под влијание на намалениот интерес на банките за краткорочните депозити кај Народната банка. За третиот квартал банките имаат поволни очекувања, со оценка за зголемување и на понудата и на побарувачката на кредити. Според НБРМ, динамиката и структурата на економскиот раст нема да предизвикаат поголеми нерамнотежи во економијата, како инфлациски притисоци и влошување на надворешната позиција. Најновите очекувања за увозните цени укажуваат на помали притисоци врз инфлацијата од очекуваните, а присутни се и нагорни ризици околу цените на енергијата и храната поврзани со геополитичките тензии во Ирак, руско-украинскиот конфликт, како и евентуалните ефекти од поплавите во регионот.
Во вториот квартал од годинава, според Народната банка на Македонија, продолжија поволните трендови во економијата. Кредитите бележат раст, особено на приватниот сектор, а ликвидноста на банките во јули е зголемена под влијание на намалениот интерес на банките за краткорочните депозити кај Народната банка. За третиот квартал банките имаат поволни очекувања, со оценка за зголемување и на понудата и на побарувачката на кредити.
Според НБРМ, динамиката и структурата на економскиот раст нема да предизвикаат поголеми нерамнотежи во економијата, како инфлациски притисоци и влошување на надворешната позиција. Најновите очекувања за увозните цени укажуваат на помали притисоци врз инфлацијата од очекуваните, а присутни се и нагорни ризици околу цените на енергијата и храната поврзани со геополитичките тензии во Ирак, руско-украинскиот конфликт, како и евентуалните ефекти од поплавите во регионот.
Движењата на кредитниот пазар даваат сигнал за постабилни очекувања и преносни ефекти на досегашното монетарно олабавување врз кредитната активност. Од НБРМ наведуваат дека сепак, во услови на неизвесен амбиент, и натаму се присутни надолните ризици околу кредитирањето на приватниот сектор, иако со последните остварувања, се помалку нагласени.
„Девизните резерви бележат умерен раст при поволни движења на девизниот пазар и интервенции на НБРМ со откуп на девизи. Промените на резервите се во рамки на проекциите, а показателите и понатаму укажуваат на доволно ниво на девизни резерви за справување со евентуални непредвидени шокови“, се вели во соопштението на НБРМ.